ММС

Раскинаа: Членка на групата Hurricane сподели лична информација на Инстаграм

Пејачката Сања Вучиќ која е дел од популарниот музички состав Харикејн (Hurricane) повторно е слободна. Многумина веќе се посомневаа дека раскинала со бодибилдерот Никола Ѓорѓевиќ, откако таа ги избриша нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи. Набргу потоа пристигна потврда и од самата пејачка, која призна дека веќе не се заедно.

„Во последниот месец бев во медиумска пауза и не одговарав на прашањата што ми ги поставувате веќе подолго време. Често ме прашувате поради што сум ги избришала фотографиите со сега веќе, поранешното момче на Инстаграм. Ние веќе два месеца не сме заедно, не сме во контакт и се фокусирам само на себе и на својата работа. Ништо што е надвор од тоа, не ме интересира. Би нагласила дека со раскинувањето дојде исклучиво поради презаситеност и несогласување во карактерот и обврските. Никакви надворешни фактори немаа влијание на тоа.Ставам точка на тоа, благодарам“, порача Сања.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.