ММС

Преубаво е да си татко на две ќерки – Фудбалерот Влатко Гроздановски по втор пат стана родител

Поранешниот фудбалски репрезентативец, а сега помошник тренер на У-21, Влатко Гроздановски повторно стана татко. Неговата сопруга, манекенката  Христина, утрово роди ќерка. Ова е второ дете на фудбалско- манекенскиот брачен пар. Тие ја имаат 22 месеци постарата ќеркичка Мила.

-Денес по втор пат станав татко, мојата сопруга Христина на свет ја донесе нашата втора керкичка Ива. Мила си доби сестричка. Да си жива и здрава ќерко, напиша Влатко на својот Фејсбук профил.

ММС го контактираше среќниот татко, кој возбуден се подготвуваше да оди во болниц за прв пат да ја види својата убавица.

-Не сум ја видел уште, не пуштаат поради ковид мерките. Важно дека и двете се чувствуваат супер. Му благодариме на доктор Панчевски, се помина во најдобар ред. Да бидеш татко на две ќерки е преубаво чувство. Миа и Ива се разлика 22 месеци, ќе си растат заедно,  рече среќниот татко Влатко за ММС.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.