ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/20 4:08 PM

„Соба за гушкање“ за семејствата разделени од корона

Старечки дом во Италија има уникатен пристап во одржувањето на социјална дистанца во текоt на пандемијата.

Луѓето кои престојуваат во старечкиот дом „Доменико Сартор“ во Кастелфранко, Венето, создале специјална завеса која им овозможува да се прегрнуваат со најблиските кои им доаѓаат во посета, без при тоа да бидат изложени на зараза од корона вирусот.

Просторот во кој е сместена оваа провидна завеса која наликува на завесите за туширање, се нарекува „соба за гушкање“.

Секогаш кога доаѓаат посетители во старечкиот дом, прво поминуваат преку строга здраствена контрола, па дури потоа им е дозволено да пристапат кон „собата за гушкање“.

Вработените во старечкиот дом велат дека физичкиот контакт со најблиските има големо влијание на менталната и емоционалната добросостојба на луѓето кои се сместени во старечки домови, токму поради тоа и ја поддржале оваа нивна идеја на безбеден начин да остваруваат физички контакт со своите сакани.

Еден пензионер сместен токму во овој старечки дом со солзи сподели колку му значело што по неколку месеци, сега конечно преку завесата може да ја прегрне својата ќерка.

„Конечно можам да си ја прегрнам ќерката. По толку многу видео повици, оваа средба во живо ми се чини како сон“, вели пензионерот.

Во прилог погледнете фотографии од емотивните средби на пензионерите со нивните сакани.

 

Извор: TGcom24

Фото: PIERO CRUCIATTI/AFP; Getty Images

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7