ММС

Објавено на: 11/17/20 5:55 PM

Бочварски оди во изолација

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски штотуку информираше дека следниве денови ќе биде во изолација, бидејќи имал контакт со луѓе кои пројавиле симптоми на ковид-19.

Мојата здравствена состојба е добра, а во консултација со матичниот доктор ќе бидам во изолација.
По добивање на негативен тест ќе се вратам на моите работни обврски. Чувајте се, носете заштитна маска, држете дистанца, да си помогнеме на себе, да им помогнеме на здравствените работници – напиша тој на својт профил на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.