ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/10/18 2:05 PM

Србија доби 5,5 милиони евра за пругата Ниш – македонска граница

Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) ќе ја поддржи Србија со 5,5 милиони евра бесповратни средства за изработка на проектно-техничка документација за изградба на обиколница околу Ниш и модернизација на железничката пруга Ниш – Прешево – граница со Македонија, соопшти денеска српското Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

Управниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан одлуката за финансиска поддршка за подготовка на техничка документација за овие два проекти, ја има донесено на предлог на ова Министерството. Од вкупниот износ, два милиона евра се одобрени за изработка на проектот за градежна дозвола за еднонасочна пруга околу Ниш, како дел од модернизацијата на железничката пруга на Коридорот 10 од Ниш до Димитровград.

Износот од 3,5 милиони евра доделен е за изработка на идеен проект со физибилити студија за оправданоста и проценка на влијанието врз животната средина за модернизација на пругата Ниш – Прешево – граница со Македонија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1