ММС

Објавено на: 11/16/20 7:19 PM

Видео: Пијани комуналци казнети поради недисциплина на работното место

Работници од едно комунално претпријатие за водоснабдување и канализација во Хрватска ќе се соочат со дисциплинска постака, откако во јавноста се појавија снимки на кои се гледа дека тие се во алкохолизирана состојба во нивното службено возило. Снимките беа објавени на дванаесетти ноември и на нив се гледаат пијаните работници од кои едниот снима, а друг коментира. Некои од работниците се смеат и се обидуваат да се извлечат од задното седиште на возилото.

На една од снимките се гледа дека заглавен работник успева да излезе од возилото, а при тоа е снимен додека лежи, бидејќи е толку пијан што не може да стане. Судејќи по коментарите на другите двајца работници, може да се заклучи дека и тие се во алкохолизирана состојба.  Потоа се слуша како еден од работниците прашува дали треба да повика итна помош за колегата кој не може да стане, по што друг работник одгвара дека тоа не е потребно.

Комуналното претпријатие каде работат алкохолизираните мажи на својата интернет страница објави соопштение преку кое остро го осуди однесувањето на работниците.

За нив ќе следуваат санкции поради непристојно однесување и прекршок во однос на работната дисциплина – се наведува во соопштението.

 

Извор: srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.