ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/20 5:36 PM

Како да е авион: Гулаб продаден за 1,6 милиони евра

Во рамки на една аукција одржана во Белгија, гулаб-носач е продаден за 1,6 милиони евра, што е најскапиот гулаб носач во светот, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Белгискиот центар за гулаби „ПИПА“ соопшти дека во рамки на аукцијата одржана преку интернет, гулабот носач именуван New Kim, кој е на двегодишна возраст, е продаден за рекордна цена.

Во соопштението се наведува дека во овие рамки, за продажба биле поставени 445 гулаби на Хук Ван дер Вувер, одгледувач на гулаби.

Се истакнува дека во аукцијата кинеските купувачи платиле цена од 1,6 милиони евра за New Kim, 400.000 евра за Mother New Kim, 204.000 евра за Palme Kim и 180.000 евра за Кими.

Во ова соопштение се вели дека во рамки на аукцијата, за 157 гулаби биле платени 4.779.850 евра.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7