ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/20 3:28 PM

Неготино да стане како Хавана, прв македонски олдтајмерски град, предлага ,,И јас сум”

Граѓанската иницијатива „И јас сум” поднесе пет предлози за поубаво Неготино до неготинската локална самоуправа, на претходно објавен конкурс за предлагање идеи. Да се постават рампи на главните улици и јавни институции за непречено функционирање на лицата со посебни потреби, е само еден од предлозите. Се предлага, исто така пракса за матурантите во јавните и приватни институции во општина Неготино. Олеснување во нивната одлука за натамошна кариера и инвестирање во кадри кои се потребни на пазарот на трудот.

-Недела – без кола, е предлог секоја прва недела од месецот,  затварање на главните улици со цел заштита на животната средина и будење на здрави навики кај граѓаните. Тоа е уште едно нешто што предлагаме, а за сето досега кажано не е потребно да се вложат пари, за МИА рекоа од оваа иницијатива.

Оттаму предлагаат Неготино  да стане кубанската  Хавана, прв и единствен олдтајмерски град во Македонија.

-Музејот за олдтајмери по кој е познат градот, да се направи со јавно приватно партнерство, да се постават декоративни олд тајмерски коли низ градот, да се адаптираат сите локали во препознатлив олд тајмерски стил. ,,Вински насади” е идеја плус која може да се реализира преку садење на сите врсти вински насади во парковите како и од влезот до излезот на градот. Оваа идеја може да биде реализирана  во соработка со бизнис заедницата на градот, додаваат од Иницијативата.

Притоа нагласуваат дека ќе продолжат да предлагаат и да реализираат проекти кои ќе го направат градот поубаво место за живеење за сите


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7