ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/20 8:40 AM

Во полошко се полнат болничките капацитети

Во полошко се полнат болничките капацитети. Раководствата на болниците ги пренаменуваат дел од одделенијата во Ковид центри. Со ширење на заразата се зголемува потребата од лекарски капацитет.

Во полошко расте бројот на заразени. Речиси половина од тие што земаат брисеви се позитивни на вирусот. Како што расте бројот на заразени така расте и потребата за болнички капацитети. Па така и двата ката на Интернето одделение при Клиничката болница Тетово се пренаменети во КОВИД центри, а се планира ако така продолжат да растат бројките и одделението за педијатрија ќе биде пренаменето во Центар за лекување на пациенти со коронавирус.

И во Гостивар се полнат болничките капациети. Поради големиот број на заразени и пациенти со симптоми на КОВИД 19 се поголеми гужви има во амбулантите при гостиварската болница ,што остава простор за трансмисија на болеста.

Инаку на дневна основа во овој регион има над 100 заразнеи со КОВИД 19, а за жал умираат и по неколку лица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7