ММС

Објавено на: 11/15/20 5:30 PM

Починаа 24 лица, регистрирани 990 новозаболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-378, Куманово-48,  Дебар-6, Штип-51, Прилеп-55, Тетово-39, Струга-27, Велес-54, Битола-44, Охрид-39, Кавадарци-24, Гостивар-54, Гевгелија-16, Струмица-19, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-27, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-9,  Валандово-1, Виница-10, Делчево-8,  Кратово-3, Свети Николе-11, Кичево-14, Ресен-11, Неготино-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од: Скопје-116, Куманово-25, Дебар-1, Штип-23, Прилеп-31, Тетово-29, Велес-20, Битола-14, Гостивар-15, Гевгелија-6,  Струмица-8, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-16, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Берово-3, Валандово-2, Виница-20, Делчево-26, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-1.

 

Починати се 24 лица, седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45г), еден од Штип (64г), еден од Прилеп (57г), еден од Тетово (61г), двајца пациенти од Битола (66 и 73г), три од Кавадарци (83, 78 и 69г), еден од Гостивар (46г), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59г), еден од Берово (41г), еден од Делчево (83г) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 701.

Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 74 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 97 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 40, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 17 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.  Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.111.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.