Во пожар што избувна на одделот за интензивна нега во болница на северот на Романија, каде се лекуваат пациенти со коронавирус, загинаа седум лица, соопштија романските власти.
Портпаролката на службата за итни случаи во регионот каде избувна пожарот, изјави дека огнената стихија проголтала две простории во кои имало 16 пациенти пред да се изгасне.
Според неа, се верува дека сите жртви „биле заразени со коронавирус“.
Таа рече дека уште еден пациент и еден член на болничкиот персонал се во критична состојба по пожарот.
Фото: Архива
Извор: rs.n1info.com