ММС

(видео)Матичните доктори се жалат на слабата комуникација со инфектолозите

Барањето и предлогот за отворање на ковид амбуланти од Здружението на матеични лекари произлезе од недостатоците во практичното работење со пацинетите со ковид, кои имаат потреба од медицинска грижа и од инфектолозите. Воспоставниот протокол во лекувањето на ковид болните од страна на матичните лекари треба да се унапреди со подобра комуникација на матичните лекари со инфектолозите, кои засега остануваат тешко достапни и за лекарите и за пациентите.

За ова во емисијата „Стадион“ на Канал 77, зборуваше д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари,  која рече дека сета медицина мора да функционира, а на матичен лекар доаѓаат и други пациенти освен тие со ковид, на кои треба да им се укаже сето внимание.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.