ММС

Објавено на: 11/13/20 3:22 PM

На интерните клиники има 100 -120 слободни болнички кревети каде може да се згрижат ковид пациенти

„Секојдневно сме во комуникација и координација со сите диркетори на болниците, има прилив на пацинети и одредена бројка на пациенти кои се испишуваат но се уште е голем бројот на приеми“, рече Филипче како одговор на новинарско прашање каква е моменталната состојба со болничките капацитети.

„Во скопските клиники и во Клиничкиот центар обезбедени се болнички кревети во повеќе интерни одделенија, кадарот е распределен по системот на ротација, целосно е моблизиран за секој тим да има одговорен пулмолог и анаестезиолог кои што помагаат во дијагностика и лекувањето на пациентите. Целата зграда на интерните клиники е спремна да прими пациенти и во овој момент има околу 100 -120 слободни кревети со кадар кој што во секој момент може да згрижи пациент“, вели Филипче.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.