ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/10/18 8:22 AM

ОН: Дури 25 проценти од децата живеат во земји на судири или катастрофи

Секое четврто дете во светот, односно 25 отсто или околу 535 милиони деца, живеат во држави погодени од конфликт или природни катастрофи – соопшти директорката на УНИЦЕФ, Хенриета Форе. Според неа, таа бројка е „речиси несфатлива.

Форе истакна дека се најзагрозени децата и младите чии животи се на удар на судири, вклучувајќи ги и оние кои живеат во Јемен, Мали и Јужен Судан.

Американската амбасадорка Ники Хејли нагласи дека „повеќе од 60 отсто луѓе во земјите погодени од судири се помлади од 25 години“. Таа укажа дека во земја, како што е Авганистан, цела генерација на деца никогаш не живеела во мир.

Хејли го истакна значењето на образованието како „начин да се опоравиме од судири и да ги спречиме конфликтите во иднина“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1