ММС

Објавено на: 11/11/20 6:45 PM

Нормализиран сообраќајот Дебар – Маврово кој беше прекинат поради одрон од карпа

Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово и обратно е нормализиран, соопшти вечерва АМСМ.

Беше во прекин попладнево поради голем одрон од околу 200 кубни метри камен кој се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово.

Одронот настана дваесетина минути по последниот земјотрес и е последица од серијата потреси во поширокиот Дебарски Регион во текот на денешниот ден кои ги разнишаа карпите на овој патен правец.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.