ММС

Објавено на: 11/11/20 6:25 PM

Сообраќајот е во прекин, голем одрон на патниот правец Дебар-Маврово по последниот потрес

По последниот потрес кој се случи после 15 часот голем одрон од околу 200 кубни метри камен се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово, поради што сообраќајот е во прекин.

Според досегашните информации, во моментот на паѓањето на одронот немало возила ниту пешаци.

Локалната власт веќе обезбеди потребна механизација и заедно со екипи на дебарската секција на „Македонија пат” треба да почне расчистувањето на одронот.

Поголем број граѓани кои се жители на селата од долнореканскот регион како и од Жупа кои прсотојувале во Дебар или работат во градот, поради одронот делот од овој пат го минуваа пеш.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.