ММС

Објавено на: 11/11/20 3:56 PM

Капчето на Бајден – скриена порака за Трамп

Новата прва дама на Соединетите Американски Држави, Џил Бајден, објави заедничка фотографија со Џо Бајден, со цел да ја прослави победата на својот сопруг на претседателските избори во САД.

Фотографијата која е објавена навидум сосема личи на типична фотографија во дух на победата на Бајден, но ако подобро се погледне, капчето кое го носи Бајден на фотографијата носи скриена порака.

Познатиот слоган на претседателската кампања на Доналд Трамп гласеше: „Let’s make America great again“, или во превод: „Да ја направиме Америка голема повторно“, а поддржувачите на Трамп во време на кампањата носеа капчиња токму со тој слоган.

Славејќи ја својата победа Бајден со објавената фотографија реши да се пошегува со Трамп,  па пораката на капчето што го носи на фотографијата се подбива токму со овој слоган,  додека слоганот на Трамп гласи: „Да ја направиме Америка голема повторно („Let’s make America great again“)“, пораката на капчето на Бајден гласи: „Само што ја направивме („We just did”)“.

Досетката на Бајден можете да ја видите во приложените фотографии.

 

 

Фото:  Dr. Jill Biden


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.