ММС

Објавено на: 11/11/20 12:07 PM

ЈПКД Маврово: Земјотресот ја замати водата за пиење, надлежните препорачуваат да не се користи за пиење

Водата со која се снабдуваат повеќе водоводи во мавровскиот крај е заматена и не е за пиење. До заматувањето најверојатно дошло по земјотресот чиј епицентар беше во близина на селото Леуново.

Појавата утрово ја забележале повеќе жителите на селото Маврово и околните населби во општина Маврово-Ростуше. Проблемот бил пријавен во комуналното претпријатие. Од ЈПКД Маврово утрово излегоа со информација и дадоа препорака водата да не се користи.

– Најверојатно земјотресот чиј епицентар беше во мавровскиот регион, дојде до заматување на водата за пиење во водоснабдувачките мрежи. Освен во Маврови, Маврови Анови, заматување е забележано и во Жировница. Доколу се појави потреба, водата од системите ќе се испушти, по што ќе бидат повотрно наполнети со чиста вода. Иако засега нема бактериолошко загадување, предвидено е да се направи и вонредно хлорирање. Затоа препорачуваме извесен период додека потресите не се смират, водата која директно доаѓа од чешмите да не се користи за пиење, изјави  Дијана Давидовски директор на ЈПКД Маврово.

Според првичните информација во локалната самоуправа не се пријавени штети на објекти и инфраструктурата. Засега, забележани се помали оштетувања на две стари куќи во селото Леуново и една барака.

Утрово во 04 часот и 54 минути, беше регистриран земјотрес чиј епицентар е во близина селото Леуново. Силината на потресот бил со 5 степени според Европската макросеизмичка скала.

з. г. м.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.