ММС

Објавено на: 11/11/20 11:05 AM

Сама се боцкам со клексан во стомак, а матичната три дена ме игнорираше – Пејачката Биба Додева веќе седми ден се бори со Ковид-19

Симптоми, страв, неизвесност, надеж, терапија, витамини, течности, супа… А сам со себе си и во исчекување дека се ќе помине полесно. Сето ова удира на психа и треба да се издржи ама надежта дека се ќе помине полесно е голема. Вака пеачката Биба Додева веќе седми ден во карантин ја води борбата со ковид-19 и со сите нејзини хронични заболувања се надева дека  ќе помине полесно. Таа за ММС објасни низ што поминувала откако ги почувствувала првите симптоми и како ја пребродува короната.

-Крш сум ама се држам. Дај Боже вака да биде, вака и да помине.  Терапија примам цело време ама  малаксана сум многу.  Денес снемав  вкус и мирис.  Болки имам,  како воз да ме прегазил. И последниве два дена навечер треска ме фаќа. Добро е што веднаш почнав со терапија иако матичната не ми одговараше на повиците три дена. Па се обратив на мојата докторка, кардиолог, која ме среди. Инаку мислев дека готово е со мене, ќе отидам. Сега сама се боцкам со клексан во стомак. Страшно ми е ама морам, вели Биба.

Таа сама на себе си ветила дека кога ќе оздрави целиот нејзин протокол ќе го напише  јавно. Од првите симптоми кои ги почувствувала, до се  она низ што поминала, како и времето сама со себе во четири ѕида.

-Само да се оправам, да оздравам и се да биде како треба.  Тешко е навистина, но и благодарам на др. Вале Андова.  Таа ја познава ризичноста на вирусот и ги знае моите  моите хронични заболувања. Додека мојата матична упорно ме игнорираше, таа веднаш ме спроведоа за тест кај  др. Милена и др. Мирјана од Инфективна, кои ме примија за преглед. Познавајќи ја цела моја историја на хронични заболувања, со хроничен обструктивен бронхит, хашимото, висок крвен притисок… Мојот кардиолог др. Андова ми даде совети се што треба да правам.   Се  консултирав  со др. Валерија за протоколите и веднаш почнав со терапијата. Оваа недела веќе ја сменив матичната и новиот матичен др. Ненад веднаш ме прими и ме прегледа со сите протоколи.  Фала Богу  сега за сега состојбата е стабилна  ама првиот ден едвај дишев, се борев за воздух, вели Биба и додава:

-Под терапија сум,  витаминска, антибиотска и вирусна. Земам фавипаравир и огромна благодарност до моите пријатели, кои  веднаш ми го обезбедија лекот, бидејќи го нема кај нас. Јас го набавив од Косово,  на своја рака го земав,  по искуство на други лекари кои веќе го имаат примано.  Мислам дека го има во болниците кај нас,но не и во аптеките.  Дај Боже да се оправам поскоро, денес ми е седми ден, па се уште сум внимателна, вели пејачката.

Во овие моменти кои и да е стресно, бидејќи стравот и борбата за живот е голем, сепак, Биба е среќна што има луѓе покрај себе да и помогнат во ваква состојба.

-Ми е жал за тато, не може да дојде да ме види, но нека, за негово добро е. А ќерка ми Ема ме чува.  Внучето преку стакло го гледам. Ми вели: „Ајде бабо дојди си“.   Плус пријатели ми носат и храна, и витамини. Јадам полесна храна, супи многу, многу течности.  И што друго правам? Дишам.  И пак ќе кажам дај Боже се да биде како треба.  Само тоа се молам. Вчера малку се почувствував подобро и си реков ај ќе потсредам.  Ќе се струполев.  Немам сила. Ми се стемни. Ема ми се развика, да не се занесувам и  да одмарам. Јас, пак, демек да си покажам  дека еве денес малку сум подобра.  Ама ништо.  Сите со кои бев во контакт  се известени. И на моја среќа таа цела недела како да пречувствував „Борките“ не идеа во канцеларија. Само јас и Ема. Имавме повеќе онлајн состаноци, и средувавме извештаи после успешните кампањи за рак на дојка. Само мојата најдобра другарка Цеце ја видов два дена пред позитивниот тест и сега е во самоизолација. Другарка ми  Мија вчера ми донесе се што ми треба, а другар ми Срѓан ми помогна со лековите и фала богу што имам една одлична екипа на пријатели во Косово. Фала Богу и на сите пријатели, кои ми се јавија овој период и буквално гледаш на кој каде му е местото. Јас и не сум муабетчика по телефон и навистина не можам на сите пораки да одговорам. Ама оние вистинските ми се тука. Мава на психа ова, да не се лажеме. И затоа околу тебе се потребни луѓе кои ти значат и им значиш, вели таа.

Весна Миленковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1