ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/20 10:46 AM

Повеќе од 500 бунтовници загинале во судирите со етиопската армија

Околу 550 бунтовници се неутрализирани во воената операција против Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF), кој управува со провинцијата Тиграј во северна Етиопија, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Според веста на етиопската државна телевизија „EBC“, генерал-мајор Белај Сејоум соопшти дека досега се убиени 550 бунтовнички сили во операцијата што започна на 4 ноември, а само денес се фатени 29 лица.

Истакнувајќи дека запленета е и големa количина воена муниција и возила, Сејоум рече дека градовите Данша, Тиркан, Бакер, Равујан и Хумера се под контрола на националната армија.

Откако Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF) ги нападна единиците на националната армија на 3 ноември, следниот ден, етиопскиот премиер Абиј Ахмед објави дека тие одлучиле да преземат воена акција против TPLF.

Ахмед, кој не ги послуша повиците за дијалог од меѓународните организации, во изјавата што ја даде денес истакна дека операцијата ќе продолжи сè додека не се разоружи хунтата во регионот, не се воспостави правна администрација и не се казнат криминалците.

Се стравува дека одлуката на Ахмед ќе доведе до долготраен конфликт, па дури и до граѓанска војна во Тиграј, каде милициите се вооружуваат со години.

Веќе дваесетина илјади луѓе се на границите на Етиопија и веројатно ќе избегаат во соседните земји.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1