ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/9/18 1:52 PM

Странски компании заинтересирани за соработка, на домашните им треба поддршка

Странски инвеститори од автомобилската индустрија се заинтересирани да соработуваат со компании од Македонија. Сепак ним им е потребна поддршка и помош да ги развијат своите потенцијали за креирање нови производи и услуги и воведување нови технолошки процеси – покажала анализата на Стопанската комора.

Јадранка Аризанковска од Комората, најавува дека 5 компании од земјава ќе склучат договори со странските инвеститори за да испорачаат нов производ или услуга.

„Очекуваме 10 до 15 компании да поминат практична и теоретска  обука, но ќе има и индивидуални обуки во 5 компании. Тие 5 компании ќе бидат избрани во следните 2 месеца, зависно од можностите и капацитетот да реализираат конкретна соработка. Проектот треба да резултира со пет компании кои ќе склучат договори за одредена соработка дали за нов производ или услуга што домашните компании можат да ја испорачаат“, изјави Аризанковска денеска на прес конференција.

Според анализите на Комората македонските компании имаат потреба од поддршка во делот на креирање нов производ, воведување нови технолошки процеси или преструктуирање на веќе постојните, воведување стандарди што ги бараат странските компании, но и нови менаџмент решенија и техники.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1