ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/20 3:50 PM

Ентони Тејлор ќе ја дели правдата против Грузија

Англискиот судија Ентони Тејлор, ќе ја дели правдата во финалето во плејофот на Лигата на Нациите на натпреварот помеѓу Грузија и Македонија. Koлегите од Премиер Лигата, Гери Бесвик, Адам Нун и Крег Поусон ќе бидат негови помошници.

Тејлор во Премиер Лигата важи за еден од поконтроверзните судии кои честопати знаат да предизвикаат бура од реакции поради своите одлуки, а во изминатите две години откако е воведена ВАР-технологијата, важи и за еден од најкоригираните арбитри на терените во Англија од „собата во Стокли парк“. На историскиот за нас дуел, од ВАР-собата ќе носат одлуки Пол Тирни и Стјуарт Етвел.

Англискиот арбитар е исто така познат како „лесна рака“, бидејќи во последните девет натпревари на кои тој ја делел правдата, досудил дури десет удари од белата точка.

На Тејлор ова нема да му е прв натпревар поврзан со македонската репрезентација. Во 2016 година во Скопје го судеше мечот против Белорусија, каде што загубивме со 1:2.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7