ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/20 3:24 PM

Ако има услови и починатите од Ковид-19 ќе се погребуваат на градските гробишта во Тетово, што не беше случај досега

Ако има услови и починатите од КОВИД 19 ќе се погребуваат на градските гробишта во Тетово, што не беше случај досега, кога покојните претходно заразени од вирусот за закопуваа на новата локација, предвидена за погребување во атарот на село Фалише.

 

Одлуката за погребување на починатите од коронавирусот на градските гробишта во Тетово е донесена по реакција на тетовци против ваквата праска. На иницијативата на претседателот на Комисијата за односи меѓу верски заедници Даријан Сотировски во тетовската епархија се одржа средба, каде присуствуваа и преставници на Јавното комунално претпријатие Тетово и операторите кои вршат погребални услуги

Одлуката да се погребуваа починатите од КОВИД 19 само во тетовско Фалише е донесена од страна на операторите кои извршуваат погребални услуги и Јавното комунално претпријатие Тетово, пред се поради полесен пристап, транспорт и закоп на покојните на вечното почивалиште.

 Граѓаните од православна вероисповед од Тетово мака мачат со вечното почивалиште. Имаат две едното е старите градски гробишта, а другото е во атарот на тетовско Фалише, но и двете локации не ги исполнуваа условите за достоен погреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7