ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/9/18 12:09 PM

Тешко повреденото бебе во релативно стабилна здравствена состојба

Здравствената состојба на четиринаесетмесечното дете, кое на 7 јули е примено со сериозни повреди на главата е релативно стабилизирана, не е на апарати за дишење и сакаме да почнеме и со негово хранење – соопшти денеска раководителката на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, Маја Мојсова.

Посочи дека откако било примено бебето направена му е компјутерска томографија, инвестигација со смисла на рендгенски снимки на коски и констатирани се повреди на мозокот, фрактури на черепот и на потколениците:

„Некои од повредите се од старо потекло. Донесено е во коматозна состојба. Направени се сите инвестигации и проследена е терапијата. Доколку во наредните 48 часа има подобрување ќе биде префрлено на Детска хирургија. Веројатно се работи за повреди од човечка природа и било повредувано неколку пати“.

Додаде дека мајката не е со бебето, синоќа го презеле социјалните служби и му е одреден старател со кој комуницираат.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски изјави дека во соработка со другите институции работат на целосно расчистување на случајот и откако ќе биде расчистен ќе ги информираат соодветно обвинителството и јавноста.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1