ММС

Денес повремени прекини на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

На патниот правец Кичево-Охрид, делницата Пресека-Песочан денеска во периодот од 12:00 до 15:00 часот ќе има повремени прекини во сообраќајот во двата правца поради минирања што ќе ги врши Илинден АД Струга, информира АМСМ.

Повремените прекини ќе бидат во времетраење од 15 до 20 минути.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските изутринава средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.