ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/20 9:03 PM

ВИДЕО: Шестолигашот со песна од Адел ја прослави победата над Виган во ФА Купот

Малата екипа од Националната лига – Север, Чорли, го совлада довчерашниот премиерлигаш и освојувач на ова натпреварување, Виган, со 2:3 после продолженијата и големата победа ја прослави со песна.

Фаворитите во првите 45 минути водеа 2:0, но по исклучувањето на домашниот фудбалер Адам Лонг, работите се свртеа во полза на шестолигашот. Чорли стигна до 2:2 во регуалрниот дел од дуелот и успеа да добие уште 30 дополнителни минути вредни прогресирање во најстарото клупско натпреварување во Англија.

Неверојатниот камбек се случи, погодокот на Конор Хол беше и повеќе од доволен за поразување на сегашниот третолигаш Виган и одење чекор напред во ФА Купот.

По завршувањето на исцрпниот натпревар, играчите на Чорли со планетарниот хит на поп-пејачката Адел ја обележаа победата, бидејќи како што и самите велат „кога Борис Џонсон ни ги затвори пабовите и не можеме да се групираме, ќе прославиме како што знаеме во соблекувалната“.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1