ММС

Објавено на: 11/9/20 12:42 PM

Поставен бројчаникот на Заев: 1136 починати, 40 000 без работа и над две милијарди евра долг

„Зад мене е бројчаникот на Зоран Заев, истиот оној кој што го ветуваше“, изјави потпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција.

„39.760 активни случаи на Ковид, и 1136 починати, ова е епилогот од неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справи со пандемијата“, вели Столковски, а зад него од Порта Македонија беше поставен транспарент со бела позадина и црни букви на кој беше испишано погоре изјавеното.

„Бројчаникот кој го вети Заев, изгледа вака. Ова се бројки кои што ја покажуваат реалната слика со која што сите ние се соочуваме. Имаме вкупно 39.760 активни случаи на КОВИД и 1136 починати лица. Имаме 2 милијарди евра долг односно над 60% од БДП. Имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за евроинтеграција на Македонија“, рече Стоилковски, кој побара од Зоран Заев, оставка и тоа веднаш.

Периодов наместо да броиме успеси, броиме неуспеси и трагедии, вели Стоилковски.

„Овие 1136 починати лица, не се само обична бројка на хартија, тоа се нечии родители, браќа, сестри, деца, тоа се судбини на илјадници семејства, голем број од кои можеби ќе ја преживееле болеста доколку за тест не се чека и по неколку дена, па потоа за резултат уште толку. Голем дел ќе преживееле, доколку имаше слободни места во болниците. Голем дел ќе преживееле доколку имаа пари да се лечат во приватните болници, за што се собираа донации, бидејќи државното здравство потфрли“, рече Стоилковски кој додаде дека ова е трагедија на македонското здравство на чело со Венко Филипче. Затоа мора оставка веднаш. Македонија нема луѓе за губење.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1