ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/20 11:46 AM

Црногорец „заработи“ затвор од 30 дена во Србија, возел 239 километри на час

Дваесет и шестгодишен црногорски државјанин е осуден на казна затвор од 30 дена, а ќе мора да плати 120.000 динари парична казна, ама и во следните девет месеци ќе остане без возачка дозвола, бидејќи на автопатот Белград – Нови Сад бил фатен како управува со автомобил со брзина од 239 километри на час, соопштило Министерството за внатрешни работи на Србија, а пренесуваат српски медиуми.

Максималната пропишана брзина на таа делница од автопатот била „само“ 130 километри на час.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1