ММС

Објавено на: 11/8/20 5:42 PM

Пазарот во тетовската Горна Чаршија кој работи на диво е еден од најголемите извори на зараза со КОВИД 19.

Пазарот во тетовската Горна Чаршија кој буквално работи на диво е еден од најголемите извори на зараза со КОВИД 19. Таму не може да се одржува воопшто физичката дистанца, поради големтие гужви.

Метежот на овој див пазар се создава затоа што има импровизирани тезги на самите улици и тротаори во тетовската населба Горна Чаршија. Тука претежно се продава сезонско овошје и зеленчук од наши тетовски земјоделци, Тие велат дека неколки пати барале да им се отвори пазар, каде може да ги продаваат своите продукти, но бадијала.

Од Општина Тетово лани започнаа градежни активности за изградба на пазар на големо на локацијата на поранешниот Воспотни поправен дом, но ветуавњето не се оствари. Градежните активности запреа за неколку недели, како што најавија тогаш поради финансиски причини

А токму пазарите и местата пред банките здравствените работници ги наведуваат како најголеми извори на зараза со КОВИД 19. Според нив овие места не треба да се затвораат , но истите треба да работаат според стандарди и таму да се почитуваат здравствените протоколи.

Во Тетово има еден пазар во центарот на Тетово, но тука наместо овошје и зеленчук на повеќе тезги се продава облека и обувки, па домашните земјоделци мора своите производи да ги продваат по улици и тротоари, создавајќи гужви кои се опасни и се шири заразата.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.