ММС

„Луфтханза” објави загуба од две милијарди евра во третиот квартал

Германската авиокомпанија „Луфтханза” (Lufthansa) објави дека нето загубата во третиот квартал изнесува две милијарди евра поради епидемијата на коронавирусот (Ковид-19), што доведе до глобални ограничувања на патувањето, „Анадолија“.

Според соопштението од групацијата „Луфтханза“, приходите кои изнесувале 10,1 милијарди евра во третиот квартал од минатата година паднале на 2,7 милијарди евра во третиот квартал на 2020 година.

Нето загубата на групацијата достигна две милијарди евра во третиот квартал од оваа година. Компанијата во истиот период од 2019 година соопшти профит од 1,2 милијарди евра.

Исто така наведено дека компанијата има ликвидност од 10,1 милијарди евра и дека имаат за цел во четвртиот квартал да го задржат одливот на готовина константно на 350 милиони евра месечно.

Од друга страна, приходите на групацијата „Луфтханза“ во периодот јануари-септември се намалија од 28 милијарди евра на 11 милијарди евра, додека вкупната загуба достигна 5,6 милијарди евра за 9 месеци.

Компанијата исто така предупреди дека месечната загуба на готовина во последниот квартал на годината ќе биде поголема во споредба со третиот квартал.

Карстен Спохр, главниот извршен директор на „Луфтханза” изјави дека е период на почетокот на зимата која носи тешкотии за авионската индустрија.

„За понатамошно зголемување на нашата релативна конкурентска предност ние сме решени да го неизбежното преструктуирање“, рече Спохр.

„Луфтханза“ се наоѓаше скоро пред банкрот поради епидемијата „Ковид-19“. Германската влада ја спаси компанијата од банкрот со обезбедување на 9 милијарди евра во јуни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.