ММС

Објавено на: 11/4/20 8:30 PM

„Карпите што плачат“ ги привлекуваат љубителите на природата во Турција

Природен феномен во долината Пулумур во близина на градот Тунџели во источниот дел на Турција, кај народот познат како „Карпи што плачат“, со доаѓање на есента му дава на подрачјето поинаква убавина, пишува агенцијата Анадолија (АА).

Тунџели е град кој привлекува внимание со природните, историските и културните богатства, и е едно од најпосетените места во секоја сезона во годината. Градот кој има надморска височина од 940 метри сместен меѓу планини, наликува на таен рај.

„Карпите што плачат“, со доаѓањето на есента, се едно од местата кои пречекуваат голем број посетители. Овој природен феномен кој е вака наречен бидејќи постојано капе вода, со пожолтувањето на листовите на дрвјата нуди посебна убавина.

Од камењата капе вода од повеќе извори на височина од 20 метри. Поради нивната природна убавина, секоја сезона карпите се во центарот на вниманието на домашни и странски туристи. Карпите, исто така, им нудат посебни моменти на фотографите.

Инан Чакмак, посетител, во изјава за АА истакна дека Тунџели со доаѓањето на есента е претворен во шарено место, и дека често ја посетува долината Пулумур.

„Љубителите на природата мора да го видат ова место. Тука природата сјае со боите на есента“, рече тој.

Управителот на месната заедница во селото Кирклар, Дузѓун Туран, нагласи дека ова место има голема важност од туристички аспект.

„Природната убавина на ова место привлекува голем број посетители“, додаде тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.