ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/7/18 4:31 PM

Се урна куќа во Тетово, избегната трагедија

Се урна дел од стара куќа на улица 110 во Тетово, во близина наУчилиштето „Наим Фрашери“. За среќа, избегната е трагедија, зашто во моментот на уривањето, на улицата играле деца. Мајката на едно од нив видно вознемирена апелира до надлежните да се преземе нешто, следен пат да не се случи поголема несреќа.

Жителите од овој дел на градот велат дека околу 11.30 минути слушнале силен звук, мислеле дека се работи за судир на возила. Кажуваат дека многупати алармирале околу дотраената куќа, но одговор не добиле.

Инаку, и градежниот шут од урнатата куќа кој ја блокирал улицата, жителите сами го отстаниле.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1