ММС

Објавено на: 11/4/20 10:09 AM

Кога ме запроси беше мортус пијан – Лепа Брена откри нов детали од бракот со Боба

Лепа Брена изјави дека на нејзиниот сопруг Бобо Живојиновиќ пред 20 и кусур години му требало шише  жеатоко за да се осмели да ја запроси. Некогаш најдобриот тенисер во Југославија имал голема трема  кога требало да ја побара нејзината рака од  таткото на Брена. Пејачката се присети како пред 30 и кусур години била прилично отворена да зборува за нејзиниот приватен живот. Убавата Брена призна дека Боба бил мортус пијан кога ја побарал нејзината рака.

– Бобан сакаше да се венчаме. Имав само еден услов, да ме запроси според стариот обичај, но тој ниту тоа не го исполни, бидејќи имаше огромна трема. Се најдовме на музички фестивал во Германија. За да ја ублажи тремата, Бобан испи половина шише курвоазије, а со другата половина тргна да ме проси од  татко ми. Претходно го подготвив татко ми  малку да се „неќка“ . Сепак, штом Бобан ме запроси, татко ми рече: „Деца, нека ви е со среќа“. Кога подоцна го прашав зошто не направи како што му реков, тој ми одговори: „ќерко, толку многу ја одолговлекувате оваа врска, што си  помислив дека никогаш нема да се ожениш“ – рече Брена.

Тогаш веќе беше сигурна дека никогаш нема да се разведе од Бобо, што се оствари и тие сè уште се во брак.

Пејачката тогаш истакнува дека ништо не и е поважно од бракот и дека нејзиниот сопруг треба да направи нешто страшно за да го напушти:

– Семејството е свето за мене. Така е од првиот ден на бракот. Никогаш не би се развела, освен ако не се осигурам дека Боба не ме сака и не ме почитува. Тогаш започна втората приказна од мојот живот. Мојата кариера сè уште беше важна за мене, но оставив слободен простор за нас двајца. Двајцата сме силни личности, па прилагодувањето почна. Сфативме дека не можеме еден без друг. За жал, нашето прилагодување го следеа медиумите, бидејќи ние сме две јавни личности. Тешко е да се сокријат некои работи од медиумите. Се обидовме да бидеме одговорни и да се сакаме. Воопшто не беше лесно, рече таа.

Извор: republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1