ММС

Објавено на: 11/3/20 9:14 PM

Садула Дураку и Нина Ангеловска да бидат во одборот на директори на Македонски телеком – предлага Владата

Владата заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком, Акционерско друштво за  електронски комуникации  – Скопје, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори и тоа Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член,  Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови  на Одборот на директори да ги избере:

– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член

– Бардул Насуфи – неизвршен член

– Зоран Китанов – извршен член

– Нина Ангеловска – неизвршен независен член

– Садула Дураку – неизвршен независен член, и

– Аќиф Мехдиу – неизвршен член,

Освен тоа, на денешната владина седница прифатена е оставката на Агрон Буџаку, кој е разрешен од должноста директор на Центарот за управување со кризи на негово барање. Владата одлучи Стојанче Ангелов да го разреши од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани и да го именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1