ММС

Објавено на: 11/3/20 6:26 PM

Словачка за два дена тестираше дури 3,6 милиони луѓе, позитнивни на Ковид-19 – 38.359

Додека многу земји низ светот мака мачат како да го зголемат тестирањето против коронавирус, Словачка за два дена успеа да тестира повеќе од 3,6 милиони луѓе или речиси две третини од својата популација. Оваа европска земја одлучи да почне огромен процес за да ги тестира сите свои жители постари од десет години откако бројот на случаите со Ковид-19 во октомври почна да расте. Програмата „Заедничка одговорност“ е прв обид за широко тестирање во Европа, јавува СНН, а пренесува сараевски „Аваз“.

Програмата почна на 23 октомври во Орава и Бајделов, региони со најмногу заразени. Беа тестирани 141.000 луѓе или 91 отсто од оние што го исполнуваат условот. Во другите региони тестирањето се изврши во саботата и во неделата. Владата ги охрабри сите повозрасни од десет години да уествуваат во доброволната програма. Иземени се и постарите од 65 години кои најголем дел од времето поминуваат дома, луѓето со инвалидитет, болни од рак и други ранливи групи.

Од вкупниот број тестирани, според веб-страницата на програмата, нешто повеќе од еден отсто или 38.359 се позитивни на Ковид-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.