ММС

Објавено на: 11/2/20 6:06 PM

Со самострел, при обид за изнуда, во својот дом убиен рускиот „Крал на колбасите“

При обид за изнуда, засега неидентификувани напаѓачи провалиле во куќата во богат московски кварт на бизнисменот Владимир Маругов, познат како „Кеал на колбасите“, и го убиле со самострел. Неговата сопруга успеала да избега и да повика полиција, објавува „Ројтерс“, а пренесува РТС.

Иако името на убиениот бизнисмен не е објавено во официјалното полициско соопштение, руски медиуми објавија дека се работи за Владимир Маругов, сопственик на две големи компании што се занимаваат со производство на колбаси.

Од Комитетот за истрага е соопштено дека напаѓачите од Маругов барале пари што ги чувал дома и оти ибегале со автомобил. Бил пронајден и самострелот со кој е убиен Маругов, како и автомобилот на напаѓачите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.