ММС

Телефонскиот повик од Барак Обама што ја спаси сезоната 2019/20 во НБА

Изминатата сезона во НБА освен што беше најдолгата во историјата на натпреварувањето, поради добропознатите објективни околности поврзани со коронавирусот, се одликуваше и со низа контроверзи предизвикани од политичката ситуација во САД.

Убиството на Афроамериканецот, Џејкоб Блејк од Милвоки, предизвика масовен излив на незадоволство преточен на улиците низ целата земја. Во знак на солидарност добар дел од екипите и кошаркарките во НБА накратко решија дека нема да ја продолжат сезоната доколку не се започне со сериозни промени во американското општество и решавање на горливото расно прашање.

Претседателот на Националната Кошаркарска Асоцијација, Крис Пол, на полноќ добил телефонски повик од поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кој помогнал во предомислувањето на играчите од нивната идеја за откажување на сезоната.

-Мислам дека беше полноќ кога ги остварив разговорите преку телефон со Крис Пол, Леброн Џејмс и Кармело Ентони. Мислам дека и Расел Вестбрук се јави. Протестот е одлична и корисна алатка за зголемување на свесноста, но со оглед на силата што НБА организацијата како таква ја поседува, сметав дека попаметно е преку лигата да се испратат тие идеи и барања, изјави Барак Обама.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.