ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/30/20 10:02 AM

Во Таjван 200 дена без корона

Додека светот се бори како да го ублажи новиот бран на Ковид-19, Тајван само што одбележа 200 дена по ред без локален пренос на коронa, пишува СНН.

Одговорот на Тајван на пандемијата е еден од најефикасните во светот. Островот со 23 милиони жители последен пат пријави локален случај на 12 април. Тајван никогаш не мораше да донесува строги мерки ниту примени драстични ограничувања. Се фокусираше на брзината. Сите патници што пристигнуваа од Кина, Хонг Конг, Макао мораа да поминат низ проверка, потоа имаше забрани и за други странски државјани.

Тајван има и географска предност – остров е, па значително поленсно може да го контролира влезот и излезот, а одлично го примени и искуството што во 2003 година го имаш со САРС. Властите благовремено го зголемија производството на заштитни маски, многу вложија во масовни тестирања и во брзоо откривање на контактите на малкутемина што во таа земја се имаа заразено со Ковид-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1