ММС

Објавено на: 10/29/20 3:37 PM

Случајно тестирање во Солун покажа нови 50 позитивни

Околу 50 од околу 1.100 брзи тестови на антиген спроведени по случаен избор во грчкиот град Солун, се покажаа позитивни на коронавирус, потврди шефот на Националната организација за јавно здравје.

Тестовите се дел од кампањата за утврдување на ширење на вирусот во големите градови.

Долги редици се формираа на шеталиштето покрај брегот на Солун од луѓе кои чекаа да бидат тестирани.

„Ќе продолжиме да тестираме за да имаме подобра слика за епидемиолошката состојба во Солун“, рече шефот на ЕОДИ, Панајотис Аркуманеас по состанокот со градоначалникот на Солун, Константинос Зервас.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1