ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/18 12:16 PM

Штипската Клиничка болница чека одобрување за 100 нови вработувања

За над 100 нови вработувања има потреба во моментов штипската Клиничка болница.

„Недостиг на кадар има во сите одделенија, од лекари до медицински сестри и болничари“, вели директорот на Болницата д-р Ален Ѓорѓиев.

„Се’ уште немаме добиено одобрување. Имаме барање за преку 100 нови вработувања од сите профили, почнувајќи од лекари, завршувајќи до средениот  и нижиот персонал. Се надеваме дека во скоро време и ние ќе добиеме одобрување и ќе можеме да распишеме конкурс како би се решил овој хроничен проблем со недостаток на кадар. Сите одделенија имаат недостиг, а сега со летните одмори тоа е уште поизразено. Кадар е малку, луѓето се преработени. Оваа состојба ја наследивм, е но се надевам дека со новите вработувања проблемот ќе се надмине“, смета Ѓорѓиев.

Последните вработувања во Штипската клиничка болница биле на почетокот на оваа година. На огласот кој бил објавен  во декември 2017, а реализиран на почетокот на 2018 на неопределено време биле примени две медицински сестри – вели Ѓорѓиев.

Во моментов под договор на дело во Штипската клиничка болница работат 60 лица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1