ММС

Објавено на: 10/28/20 3:30 PM

Ердоган се најде на насловната на „Шарли Ебдо“, турските власти револтирани

Турските власти ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во француското сатирично списание „Шарли Ебдо“, нагласувајќи дека тој чин е „одвратен обид за ширење културен расизам и омраза“.

Турскиот гнев поради карикатурата ги вжешти односите меѓу Турција и Франција, чие ново заострување почна по карикатурите со пророкот Мухамед, поради што еден тинејџер уби професор во Париз, пренесува „Ројтерс“.

На насловната страница на „Шарли ебдо“, Ердоган е претставен како седи во бела кошула и долна облека, држи лименка пијалак и држи здолниште на жена со хиџаб.

Турското Обвинителство дури покрена истрага против одговорните лица во француското списание „Шарли Ебдо” поради објавување навредливи содржини за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека службена истрага е поведена во согласност со Казнениот закон на Турција и оти француското списание се обвинува за навреда на претседателот на Република Турција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.