Вирален хит на социјалните мрежи стана едно видео на кое се гледа средбата на повозрасен пар од Флорида. Се работи за сопружници кои биле разделени 215 дена поради коронавирусот.
Џозеф бил хоспитализиран во март, но не можел да прима посети поради актуелната пандемија. Неодамна, тој бил пуштен од болница и вратен во домот за стари и немоќни лица, каде живее со сопругата Ева.
Видеото од нивната прва средба по повеќе од седум месеци стана хит на интернет. Средбата на парот кој е во брак 60 години го снимале луѓето што работат во домот, а многумина признале дека не можеле да ги задржат солзите кога посведочиле на тоа.
Извор: blic.rs
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.