ММС

Во тетовска Луковица лекар не стапнал 20 години

Во тетовското село Луковица лоцирано на падините на Сува Гора лекар или амбулантно возило не стапнало 20 години. И сега во време на пандемија медицината за мештаните од ова село е недостапна.

Неасфалтираниот пат е единствената причина што ова село е заборавено и од медицинскиот кадар. До Луковица може да се пристигне само со џип, но и со вакво возило сега тешко да се извози патот, кој е изроенет и во лоша состојба од врнежите оваа есен.

Од месната заедница, велат дека нивното село е заборавено од властите, наместо помош како за сточарско и земјоделско село, тие целосно ни го завртеа грбот, па дури не ни обезбедваат ниту лекарска помош

Од месната заедница, неколку пати се обратиле до Желино, општина под која припаѓа ова село, но постојано оттаму добиваат оправдувања, дека немаат пари за патот, а од друга страна, според нив, општината гради и реализира разни проекти во другите села.

Милошевски во тетовска Луковица чува 250 грла кози. Вели од кога започнал да се занимава со оваа дејност, мака мачи со транспортот на произведеното поради катастрофалниот пат, но друг избор нема. Сега и пандемијата уште повеќе му ја отежна работата, која, како што вели, прометот му го намалила за повеќе од двојно.

З.Д.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.