ММС

Бугарскиот премиер Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е позитивен на коронавирус. Веста тој самиот ја сподели на својот фејсбук профил и напиша дека има општа слабост и останува на домашно лекување.

– И покрај тоа што РЗИ официјално ми го укина карантинот во петок, одлучив сите средби да ги одложам. По два ПЦР теста од денеска сум позитивен на ковид-19, напиша Борисов.

Тој и три министри од неговата влада отидоа во самоизолација откако биле во контакт со заменик министерот за градежништво Николај Нанков, кој испадна позитивен на коронавирус.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.