ММС

Простување од Амди Барам вечерва во неговиот дом

Епидемиолозите најавуваат дека утре ќе ги бараат сите контакти на сега веќе починатиот лидер на Ромите, Амди Бајрам, кому посмртниот ковид тест покажал  дека е позитивен. Во контактите веќе не се само гостите на свадбата на неговата внука Перјан, која се случи пред една недела во Истанбул, туку, како што дознава ммс,  и сите кои вечерва и цела ноќ ќе бидат во неговиот дом на бдеење и на последно простување.

Без оглед што е позитивен на ковид-19, починатиот Бајрам најверојатно нема да биде погребан според протоколите за заразени од корона, туку, како што веќе информираше fokus.mk- „неговата фамилија засега планира да прави голем погреб со сите церемонии“.  Според наши неофицијални извори, погребот е планиран за утре напладне во Амди пашина џамија во Шутка, за која кога се градела тој дал најмногу пари, па поради тоа џамијата го носи неговото име.

А како изгледа традиционален ромски погреб? Познавачите на ромските погребни обичаи велат дека кога некој ќе почине, а смртта не го затекла дома, телото на покојникот се носи дома и се чува цела ноќ. Над неговото тело се бдее, а доаѓаат и многу роднини и пријатели да изразат сочуство на семејството. Тоа трае цела ноќ. Покојникот е покриен со чаршав или, како што Ромите го викаат ќефин, па врз чаршавот се става прекривка. Лицето на покојникот е покриено, но ако негови блиски, поради голема тага и жал, посакаат можат да го подигнат чаршавот, да му го откријат лицето и да го бакнуваат за последен поздрав. Едната рака на покојникот се остава откриена, за да секој кој дошол може за последен пат да се поздрави со покојникот.

Утредента, пред погребот, покојникот од дома се пренесува во џамија, каде ќе биде искапен, па според традицијата телото ќе биде завиткано во чаршав,па потоа положено сандак, а сандакот  се поклопува и се прекрива со зелено платно. Потоа му се чита молитвата. Откако ќе се прочита молитвата  поворката со починатиот тргнува на гробишта, каде повторно се чита куса молитва. Потоа покојникот се вади од сандукот и според обичаите телото завиткано со чаршаф се спушта во гробот, а врз него одозгора на косо се ставаат штици, па се става прекривка и потоа земја.

Министерството а здравство апелира до семејството на Амди Бајрам да ги избегне сите погребни ритуали а погребот да се спроведе согласно протоколите на погреб на починати од ковид-19.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.