ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/24/20 8:39 AM

Гевгелија во солзи: Од коронавирус почина пејачот Васил Ангов

Ноќеска во Гевгелија по компликации од коронавирус, почина музичарот Васил Ангов, кој е трета жртва од Ковид-19 во градот на македонскиот југ.

Васил Ангов во 1995 година настапи на „Макфест“. Ја отпеа „Премногу ти верував“, по што стана препознатлив. Тој зад себе остави уште неколку познати песни како „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“…
Неговиот син Андон, доцна синоќа на фејсбук ја објавил веста за смртта на Ангов, која ја пренесоа повеќе медиуми.

Негови блиски велат дека Васил починал во болница, откако бил приклучен на респиратор. На коморбитетите ковид-19 бил пресуден за да го загуби животот.

Ова е трета жртва на корона во Гевгелија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1