ММС

Објавено на: 10/24/20 8:07 AM

Австралиски војници убиле заробеник само затоа што за него немало место во хеликоптерот

Австралиси специјалци во Авганистан убиле заробеник зашто за него немало место во хеликоптерот. Зарабоеникот кој бил невооружен и врзан е убиен ладнокрвно, е еден од наодите на четиригодишната истрага за воени злосторства, која привршува, пишува „Русија тодеј“, а пренесува „Дневни аваз“.

Член на посадата на хеликоптерот на американските маринци посведочил за австралискиот АБЦ како група австралиски војници побарала да биде транспортирана со хеликоптер после акција. Како што изјавил, командирот на австралиската единици рекол дека им е потребен превоз за седум заробеници што биле заробени во текот на акцијата. Пилотот предупредил дека во хеликоптерот има место само за шестмина.

„Потоа следуваше тишина, па се слушна истрел.’Сега имаме шестмина заробеници’, рекол командирот на автралиската единица“, раскажа член на посадата не хликоптерот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.