ММС

Објавено на: 10/24/20 7:31 AM

На брегот на Намибија 7.000 мртви фоки

Бројот на мртви фоки пронајдени на брегот на Намибија се искачи на повеќе од 7.000, објави непрофитното здружение OCN. Тоа соопшти дека илјадници пцовисани младенчиња од фоките и возрасни женки се пронајдени претходната седмица на брегот на полуостровот Пеликан Поинт, туристичка дестинација позната по колониите на фоки и јата делфини.

Министерството за риболов и морски ресурси на Намибија минатата недела објави дека ќе испрати примероци во Јужна Африка за да се утврдат причините за смртта.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.