ММС

Александра е најдобрата од сите жени што сум ги запознал – Се ожени Александар Ружин

По скоро три годишна врска вчера се сврши бизнисменот и поранешниот советник на премиерот Заев, Александар Ружин. Го имаа прогласено за еден од најпосакуваните ергени, но срцето успеја да му го зароби Александра.  Тој за ММС вели дека многу планови, како и кога да и го даде прстенот на саканата му пропаднале поради пандемијата, па се решил  раката да и ја побара на нејзиниот 28 роденден. Сам го уредил домот за убавиот момент. Прстенот го ставил  во кутија во иста боја со расфрланите латици од рози, за да не го види,  да поминат прво роденденските честитки и да направи давањето на прстенот да не биде класика. И по роденденски протокол и  дал буќет и парфем „Либре“. Кога поминале роденденските честитки отвориле шампањско и додека го пиеле тој и рекол:

-Сега веќе не си „либре“, алудирајки на значењето на името на парфемот и покажувајќи накај латиците.

-Александра е медицинско лице, асистентка на кардиохирургија во приватна клиника и ние ги почитуваме сите препораки за заштита од корона. Затоа и нејзиниот роденден го прославивме дома сами и затоа немав голем избор на изненадувања кога ја побарав за жена. Освен тоа и веќе живееме заедно и се подразбираше дека ќе дојде ден кога ќе се случи овој момент. Иако нависнина имав многу планови како да изгледа овој момент, но ете не може да се патува и не можеше тоа да се случи во некој романтичен град. Веќе не е ни важно, најважна е љубовта меѓу нас, вели Александар.

Тој вели дека уште од првиот момент сватил дека таа е жена каква што сака тој.

 

-Ретко со девојка да имам  толку разбирање и  толеранциија. Александра е најдобра од сите жени што сум имал прилика да ги запознам. Таа е вистинската за мене. Пред се е многу внимателна, грижлива, секогаш  гледа да угоди и на мене и на сите околу неа, а себе си се става на последно место. И како лекар и како човек.  Тоа ја прави уникатна. Се запознавме преку пријатели, па излеговме на пијалок и онака полека спонтано се се случи. Над една година бевме во врска, па потоа одличивме да живееме заедно, вели Алекс.

Свршувачка, веселба, свадба и патување ќе има откако ќе помине пандемијата. Засега само  радоста ќе ја споделат со најблиските.

-Денес бевме на семеен ручек кај нејзините, а утре сме кај моите. Ете така колку да се одбележи. Со Александра навистина ги почитуваме протоколите, се грижиме и за нас и за здравјето на  нашите најблиски. Преку Александра навистина го разбирам трудот и пожртвуваноста на медицинските лица. Во оваа ситуација секој убав гест за медицинско лице значи. Тие се  најизложени на ризик и секојдневно спасуваат живот и би требало вака да ги израдуваме. Еве, ги охрабрувам сите мажи кои се во врска со медицинско лице, нека ги изненадат со прстен. Или, пак, ако се во брак, навистина треба да им дадат поддршка и да им приредат убави моменти и изненадувања кога ке си дојдат дома. Јас навистина сум среќен што со Александра ќе го делам животот.  На нашата одлука се израдуваа сите, особено мајка ми Даница е пресреќна, како и секоја мајка. Ја засака Александра како ќерка уште од првиот ден и многу се почитуваат, вели Александар.

Зборови не тедеше ниту Александра, кога требаше да каже што ја натерало толку многу да го засака.

-Живееме заедно, тоа се очекуваше, но пак бев изненадена. Ме изненади што сам  дома декорирал. Браво,  да го пофалам, навистина овој пат се потрудил. Алекс е внимателен, но не знаев дека е толку романтичен. Иако многу пати досега преку разни гестови ги покажал своите квалитети.  Неколку пати ми пушти букет на работа и има многу други моменти кога ме изненадувал. Алек ги има сите пофалби за се што организираше вчера, испадна прекрасен. Иако да бидам искрена секогаш е таков. Ме освои со неговата постветеност, позитивна енергија, џентлмен е во секоја смисла на зборот, внимателен, и многу дури карактерискити кои го прават совршен за мене.  Сега состојбата е таква и мора да се прилагодиме.  Нека сме сите живи и здрави сите, па ќе биде понатаму се, вели Александра.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.