ММС

Објавено на: 10/23/20 10:24 PM

Руските респиратори во Америка завршија на отпад

Респираторите кои Русија и’ ги испорача на Америка во кризната ситуација поради коронавирусот се уништи. Во Американската федерална агенција за раководење во вонредни ситуации велат дека причината за тоа е немањето сертификат. Американскиот портал Базфил објави дека апаратите не почнле да се применуваат поради технички проблеми, пред се’ поради разлики во електричниот напон.

Претставниците на Агенцијата, наведуваат дека апаратите им се доставени на Њујорк и Њу Џерси, но дека не почнале да се употребуваат бидејќи таму ситуацијата во однос на вирусот се подобрила. Исто така според нив, сите респиратори кои се користат во Америка, независно дали се со американско или друго производство, мора да имаат сертификат 510 или дозвола за вонредна употреба, каков што руските немаат.

Во мај имаше извештај дека апаратите од типот Aventa-M предизвикале пожари во Русија, наведуваат од Агенцијата додавајќи дека поради претпзливост ги уништиле овие апарати.

Инаку, на почетокот на април од Русија кон Америка полета авион во кој се наоѓаше медицинска помош и опрема за борбата против коронавирусот вклучувајќи 45 респиратори и милион маски. По овој повод неодамна реагираше и Кремљ, исклучувајќи ја можноста апаратите да биле неквалитетни. Како што наведоа, апаратите во Русија се веќе во широка употреба во болниците ширум земјата.

Некој од нив може да се расипе и да му биде потребна поправка, како што е случај и со секоја опрема. Тезата дека не одговарал напонот исто така не „држи вода“ бидејќи постојат трансформатори и стабилизатори, така шо со тоа нема проблем – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 

Фото:   Sputnik / Press Service of the Mayor and Moscow Government

Извор:  rs-lat.sputniknews.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.